Времето во Македонија во четвртокот ќе биде променливо облачно, наутро со појава на магла и ниска облачност.
Во утринските и претпладневните часови на некои места има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината и ќе се движи во интервал од 2 до 9 , а дневната од 9 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денска ќе биде значително облачно, доцна попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 12 Целзиусови степени.