Во петокот пПретпладне по одделни котлини и долж Повардарието има појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу минус 4 и 4 степени, додека дневните повторни ќе бидат високи за декември и ќе достигнат меѓу 10 степени на повисоките и во планинските области до 16 Целзиусови степени на југот од земјата.
Во Скопје и околината денеска по магливото утро во текот на денот ќе преовладува сончево и тивко време со максимална температура до 12 степени.