Продолжува трката на миланските екипи во Серија А

FC Inter and Benevento at Giuseppe Meazza stadium in Milan, 30 january 2021. ANSA / MATTEO BAZZI

Двата милански клуба Милан и Интер во саботата во рамките на 20-то коло од италијанското фудбалско првенство остварија победи, со што и натаму важат како најсериозни претенденти на „Скудетото“ по децениската доминација на Јувентус.

Во последниот натпревар од саботната програма, Интер беше убедлив со 4:0 против гостинскиот Беневенто. „Нераѕурите“ поведоа веќе во 7 минута со несреќниот автогол на Рикардо Импрота, а потао во вториот дел го дотолчија противникот со головите на Лаутаро Мартинез во 57 и на Ромелу Лукаку во 67 и во 78 минута.

Претходно Милан со 2:1 славеше на гостувањето кај Болоња. Антер Ребиќ во 26 минута кога најбрзо реагирапе откако домашниот голман Скорупски го одбрани пеналот што го изведе Златан Ибрахимовиќ и Франк Касие во 55 минута од пенал беа стрелци за „Росонерите“, а за домашните погоди Андреа Поли во 81 минута.

Милан и натаму е водечки на табелата со 44 бодови, два повеќе од второпалсираниот Интер. Беневенто и Болоња, пак, останаа на 22 односно на 20 бодови, привремено на 12-то и на 13-то место.

Актуелниот шанмпион Јувентус со 2:0 победи на гостувањето кај Сампдорија во Џенова. Јуве поведе до голот на Федерико Киеза во 20 минута по убавата акција на Бетанкур и Мората, кому подоцна му беше поништен и погодок поради офасјд позиција. Торинската „Стара дама“ во стилот во кој играше минатите сезони го одигра вториот дел а потврдата на победата ја дочека во првата минута од судиското продолжение кога погоди Арон Ремзи по одличната акција во која учествуваа Кристијано Роналдо и Хуан Квадрадо. Интересно, Роналдо трет меч во низа нема постигнато погодок за Јувентус, што е веријатно му се случува првпат во настапите во четирите европски национални шампионати во кои настапуваше.

Сега Јувентис моментално е трет со 39 бодови, но има еден меч за доигрување, а по комплетирањето на ова коло може да биде потиснат од Рома и Аталанта. Сампдорија останува 10-та со 26 бодови и не ѝ се заканува пад на табелата и по неделните натпревари.

Во недела на распоред се натпреварите Специја – Удинезе, Аталанта – Лацио, Калјари – Сасуоло, Кротоне – Џенова, Наполи – Парма и Рома – Верона.