Продолжуваат кризата на Тотенхем и серијата на Челзи, Сити за две минути го реши Кристал

Ниту поразот во минатото коло од Премиер лигата, нуту паузата за квалификациите за ЕУРО 2020 не им попречија на фудбалерите на Манчестер Сити кои во последниот саботен натпревар од деветтото коло од англиската Премиер лига со 2:0 го совладаа домашниот Кристал Палас.

Во минатото коло Сити на својот „Етихад“ неочекувано загуби од Вилверхемптон со 0:2. Септемвриската репрезентативна пауза ги чинеше бодови кога беа поражени од Нори со 2:3, но сега за две минути го скршија отпорот на Кристал Палас, со головите на Габреил Жезус во 39 и Давид Силва во 41 минута.

Манчестер Сити ја намали предноста на водечкиот Ливерпул на пет бодови, а има два бода повеќе од трето и четвртопласираните Лестер односно Челзи. Кристал Палас, пак, остана на 14 бодови на 6-то место.

Репрезентатвивната пауза не му користеше на Тотенхем кој на домашниот терен против последниот Вотфорд одигра само 1:1. Гостите поведоа во 6 минута а стрелец беше францискиот играч од средината Абдулаи Дукуре. „Спарсите“, кои минатото коло загубија од Брајтон со 0:3, и од Баерн со 2:7, дури во завршницата успеаја да дојдат до реми со погодокот на Деле Али во 86 минута.

Тотенхем во моментов е 7-ми со 12 бодови, а Вотфорд остана последен 20-ти со само четири бодови.

Лестер благодарејќи на пресвртот го совлада Барнли 2:1. Гостите поведоа преку Крис Вуд во 26 минута, а потоа Џејмс Варди во 45 и Јури Тиелманс во 74 минута го направија пресвртот.

Лестер со 17 бодови е трет, а Банрли има 12 бодови и е 8-ми на табелата.

Челзи дојде до третата последователна победа. Дома го совлада Њукасл со 1:0 со погодокот на Маркос Алонсо во 73 минута. Челзи е четврти со 17 бодови, а Њукасл со осум бодови е во опасната зона на 18-то место.

Евертон поведе во 17 минута преку Бернард а победата против Вест Хем ја потврди во втората минута од судиското продолжение Гулфи Сигурдсон. По низата разочарувачки резултати дојде 10 бодови со кои е на 13-то место, а Вест Хем Јунајтед остана со 12 бодови на 10-то место.

Брајтон преку Адам Вебстер во 21 минута поведе на гости кај Астон вила, но веќе во 35 минута остана со играч помалку откако беше исклучен Аарон Муи. Домашните го искористија тоа прво да израмнат во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме преку Џен Гријлш, а потоа целосен пресврт направија со голот на Мат Раргет во четвртата минута од судиското продолжение.

Астон Вила е 11-та со 11 бодови, а Брајтон е 16-ти со девет бодови.

Борнмут и Норич одиграа без голови, па сега домашните се 9-ти со 12 бодови, а новакот во Премиер лигата со седум бодови е претпоследен на 19-то место.

Вулверхемтон и Саутемптон, исто така, ремизираа но со по еден погодок. Поведоа гостите во 53 минута преку Дени Ингса, а од пенал во 61 минута израмнија гостите преку Раул Хименез. Вулврхемптон е 12-ти со 11 бодови, а Саутемптон со осум бодови е 17-ти едно место над зоната на испаѓање од лигата.

Во недела се игра големото дерби на англискиот фудбал во кој на „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед го пречекува Ливерпул, а во понеделник Арсенал му гостува на Шефилд Јунајтед.