
На проблемите на Манчестер Јунајтед како да им нема крај. Како да не беше доволен поразот од Лестер со 5:3, и општо лошиот старт на сезоната, па сега менаџерот Ван Гал остана и без Џони Еванс.
Иако во таборот на “црвените ѓаволи” очекуваа дека се работи за мала повреда и дека фудбалерот ќе биде подготвен за следниот дуел, сепак деталните лекарски прегледи покажаа дека зглобот на Еванс е посериозно повреден и дека ќе мора да помине 4 недели надвор од терените.
Ако на ова се додаде дека против Вест Хем нема да смеат да настапат и Фил Џонс и Тајлер Блекет, тогаш јасно е со какви проблеми се соочува менаџерот на Јунајтед, Луи Ван Гал.