![emigranti И Србија ќе дигне ѕид за емигрантите](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/emigranti1.jpg?resize=610%2C343&ssl=1)
И понатаму продолжува приливот на мигранти на јужната граница на земјата. Инаку од вчера, најверојатно како последица на контролата од грчка страна, мигрантите почнуваат да пристигнуваат во помали групи.
Дневно околу 3.000 мигранти транзитираат низ Македонија
Продолжува приливот на мигранти, кои што упатувајќи се кон земјите од ЕУ, транзитираат низ Македонија.
![Продолжува приливот на мигранти, од вчера контроли и од грчка страна](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/migranti3.jpg?resize=640%2C356)
УНХЦР даде првична проценка дека дневно низ Македонија ќе транзитираат по 3.000 мигранти, а оваа проценка во текот на вчерашниот ден се покажа како точна. Според евиденцијата на УНХЦР во текот на вчерашниот ден приближно толкав број мигранти заминале од прифатниот камп во Гевгелија кон Табановце со организиран железнички, автобуски и такси превоз.
Транспортот на мигрантите се одвива без проблем, соработката со останатите ангажирани во справувањето со бегалската криза е на потребното ниво, односот на полицијата е коректен, но стои уверувањето дека ЕУ мора да помогне во ублажување на бегалската криза. Утрово околу 5 часот со вонреден воз кој тргна од платформата на прифатниот камп кон северната граница заминаа околу 400 мигранти. Следниот вонреден воз со мигранти од Гевгелија ќе замине околу 20 часот. Оние што не стигнаа за возот до Табановце, моментно се превезуваат со автобуси и такси возила кои се паркираат кај мостот на Сува Река додека не се тампонира пристапниот пат, пренесува МИА, повикувајќи се на информации од УНХЦР.
Од вчера контрола и од грчка страна
Од грчка страна мигрантите пристигнуваат во помали групи од порано како резултат веројатно на грчката полиција која конечно од вчера е распоредена на граничната линија со Македонија за да ја контролира состојбата и да го организира нивното преминување во нашата земја.
![Продолжува приливот на мигранти, од вчера контроли и од грчка страна](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/migranti-zeleznicka-gvg-mia-3.jpg?resize=640%2C511)
Црвениот крст информира дека во просек дневно има од 40 до 50 здравствени интервенции и дека во текот на вчерашниот ден биле поделени 200 пакети со храна и вода.