Проф. Даниловски предвидува во мај крај на епидемијата на Covid-19

И покрај значителното зголемување на бројот нови случаи зараза со варијантата омиркон и флуроната како комбинација на сезонски грип со коронавирусот, експертите велат дека неговото ширење не треба да предизвика загриженост кај населението.

Тоа што оваа варијанта не дава сериозни здравствени компликации, според експертите, е причина поради којашто сегашниот бран не треба да биде проследен со панични реакции.

Епидемиолог проф. д-р Драган Даниловски, вели дека Македонија треба да го следи шведскиот модел, а не целосно да се затвора, како што направија многу европски земји. Професорот со оптимизам предвидува дека варијантата омикрон е кулминација на пандемијата.

Досега во Македонија околу 50 лица се заразени со омикрон сојот и флуроната, комбинација од сезонски грип и коронавирусот. Во наредниот период во Македонија се очекува доминантна варијанта да виден омикрон.