Професорката Билјана Ванковска, еден од не многуте интелектуалци кои редовно ги коментираат политичките збиднувања во Република Македонија, со жесток и прецизен тон им се обрати на сите замолчени стручњаци, експерти, професори сегашни и пензионирани, и од правниот факултет на УКИМ, но и од другите низ државата.
„Ако Правниот факултет (на УКИМ), но и сите останати правни факултети низ државава, не се произнесат ЈАВНО, ГЛАСНО и ИТНО околу неуставноста на предлогот на Закон за јазиците, тогаш и не треба да постојат! Нека се самораспуштат, бидејќи се’ што отсега натаму ќе треба да им го кажуваат на студентите ќе биде лага и фарса, а не наука и занает. Тука ги вбројувам и пензионираните професори, кои се’ уште молчат. За жал, и дел од студентите на овие факултети се веќе пратеници (законодавци!) и аминуваат политички уцени и небулози, кои не само што водат до разградување на државата (политичката заедница) како таква, туку и до укинување на правниот систем“, пишува Ванковска и додава:
„Се разбира, ова е само последната капка во веќе преполната чаша на хибридни неуставни решенија, кои во себе немаат никаква правна филозофија и логика, ами се политички решенија во рамки на меѓународен стејтбилдинг.“