Професорска иницијатива за укинување на Законот за јазици

Венецијанската комисија вчера и официјало ги изнесе бројните забелешки во однос на Законот за јазиците, со што посочи дека употребата на албанскиот јазик ги надминува европските стандарди.

Членот на Комисијата, професорката Тања Каракамишева, со иницијатива за поништување на Законот, која што ќе биде поднесена пред Уставниот суд веќе следната недела.

„После вчерашното критично мислење на Венецијанската комисија за Законот за јазиците ги повикувам сите научни капацитети во земјата, академик Катица Ќулавкова, проф. Гордана Силјановска-Давкова, проф. Каролина Ристова-Астеруд, проф. Јасна Котеска и нека ми простат сите други еминентни професори кои не ги споменав да ја поддржат иницијативата за поништување на Законот за јазиците што веќе следната недела ќе биде поднесена пред Уставниот суд. Право и европски стандарди за Македонија, пред се!“, напиша таа на својот фејсбук профил.