![teuta arifi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/teuta-arifi.png?resize=696%2C399&ssl=1)
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи изрази сочувство до сите граѓани на Тетово денеска на прес-конференција во општината.
Таа информираше дека прогласена е тридневна жалост во Тетово.
– Како што веќе бевте информирани, се одржа седница на Советот. Дадени се три дена жалост и исто така додека ги добиеме официјалните информации во однос на идентитетот на жртвите од ургентниот фонд што го имаме како општина Тетово ќе интервенираме до тие семејства – рече Арифи.
Таа одби да даде дополнителни информации за вчерашната несреќ, сè додека тие не бидат официјално потврдени од институциите. Арифи информира дека преживеаните се во стабилна состојба и дека тие се сместени во болницата во Тетово.
За модуларната болница во Тетово која вчера целосно изгоре, градоначалничката вели дека има повеќе модуларни болници во државата и дека тие се изградени според стандардите кои биле испочитувани.