Името на Израелкаа Гана Кацир се наоѓа на списокот на првата група заложници кои од Појасот Газа се вратија во Израел по 49-те дена во заложништво на палестинските радикали, откако претходно претставници на исламистичкото движење Исламски џихад тврдеа дека Кацил починала недочекувајќи го ослободувањете, пренесуваат медиумите.
На 9-ти ноември групацијата Сараја ал-Кудс (Групите на Ерусалим), најистакнатото воено крило на Исламски џихад, изрази подготвеност да ослободи двајца израелски заложници, меѓу кои и Кацир, наведувајќи ја неможноста да им го обезбедат неопходните лекарства. На 21-ви ноември милитантите објавија дека Кацир починала.
Сепак, според официјалниот список на ослободените лица кој до медиумите го дистрибуираше кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, 76-годипната Хана Кацир е меѓу 13-те Израелци кои во петокот ноќта се вратија во Израел. Според видео снимките од движењето на конвојот со ослободените заложниците преку Египет до Израел, сите ослободени се живи и самостојно се движат, забележуваат израелските медиуми.
На овој случај обрати внимание во доцниот вечерен брифинг портпаролот на Армијата за одбрана на Државата Израел, Даниел Хафгари, кои уште еднеш ја повика јавноста да ги следи информациите од официјалните извори.
„Повеќе од кога и да е, мораме да избегнуваме ширење на непроверени информации, На пример, драгата Хана Кацир се врати дома откако терористичката организација дека ја убиле пред неколку дена. Затоа, неопходно е да се потпираме само на извештаите од официјални лица“, рече Хагари.
Се верува дека во Газа има околу 240 заложници од Израел, грабнати во нападот на Хамас од 7-ми октомври, а пред петокот беа ослободени само четворица заложници, еден беше спасен од израелските одбранбени сили, додека телата на двајца заложници изминатите денови беа пронајдени во Газа.
Исламски џихад на 4-ти ноември објави дека од 7-ми октомври повеќе од 60 израелски заложници во Појасот Газа загинале во израелските бомбардирања на палестинската енклава, како и дека 23 тела сѐ уште се под урнатините.
Семејствата на заложниците одржаа бројни демонстрации барајќи прекин на огнот, враќање на заложниците и заминување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кого го обвинуваат за пропустите кои довеле до прекуграничниот напад без преседан според масивноста, координираноста, организираности и бруталност во јужен Израел кога беа убиени околи 1.200 луѓе, од кои речиси 900 се цивили на различни возрасти.
Во петокот вечерта првата група израелски заложници придружувани од персоналот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст со амбулантни возила беа пренесени од Кан Јунис во јужна Газа до преминот Рафа кон Египет а потоа во Израел.
Ослободувањето на 13 заложници, жени и деца, е првата од четирите фази. Хамас се согласи да ослободи околу 50 заложници во текот на четирите дена од примирјето со Израел – сите деца, мајки и други жени. Палестинските милитнати ослободија во петокот уште десет Тајланѓани и Филипинец, според посебен договор, кои работеле на земјоделските фарми во јужен Израел.
Израел треба да ослободи 150 палестински затвореници кои се држат за терористички дела, сите жени и малолетници, во замена за 50-те Израелци. Во петокот ослободи 39 палестински затвореници за првите 13 израелски заложници.