Прогнози пред вонредни парламентарни избори на Косово

Три водечки институти на граѓанскиот сектор во Приштина проценуваат дека на претстојните вонредни парламентарни избори на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК) на досегашниот премиер Хашим Тачи ќе забележи пад, а прогнозираат пораст на поддршката за Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај.

Во екот на предизборната кампања, организациите кои вршеле истражувања за очекуваните резултати по 8-ми јуни, се со слични проценки.

Институтот ИНПО очекува „мал пад“ на партијата на Тачи, стагнација на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на Иса Мустафа и добар напредок на ААК на Харадинај. Тој, исто така, очекува дека Самоопределување ќе оствари напредок, како и дека Иницијативата  за Косово на Фатмир Лимај ќе го мине цензусот, додека алијанската ново Косово (АКР) на Беџет Пацоли верува дека ќе биде на работ на цензусот.

Истражување вршела и организацијата Одбор за човекови права, Беџет Шаља врз основа на предизборните  истражувања изјави дека е „евидентен падот на ПДК на Тачи, мал пораст на ЛДК на Иса Мустафа и напредок на ААК на Харадинај, како и преминување на ценузусот на Иницијативата за Косово, додека партијата на Пацоли нема да го помине цензусот.“

ЛДК на Иса Мустафа ќе биде прва политичка партија, Алијансата на Харадинај има најдобра програма и ќе биде изненадување на изборите, Самоопределување на Албин Курти ќе има подобри резултати отколку на минатите избори, а Иницијативата за Косово и Алијансата на Пацоли нема да го достигнат цензусот за влез во парламентот, стои во истражувањето на невладината организација, НВО „Рокфелер“.