
Во текот на петокот произведени се 18.669 MWh електрична енергија со што целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
Како што информираа од Владата, во термоелектраните произведени се 14.189 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.480 MWh. бак/сп/