Американските ветерни електрани произведоа најмало количество електрична енергија за речиси три години поред податоците од претходно семицва, принудувајќи ги добавувачите да се свртат кон природен гас за да обезбедат снабдување во услови на голема побарувачка поради високите летни температури.
Во 48 сојузни држави на САД на почетокот до седмицата се произведени околу 335.753 мегават-часо ви електрична енергија, најмалку од 4 октомври 2021 година, покажуваат прелиминарните податоци на Министерството за енергетика.
Енергетските компании инвестираа многу пари во последниве години во производството на електрична енергија од ветер и сончева енергија, но кога овие извори ќе „пропаднат“, тие се враќаат на гасот, единствениот дарежлив извор на енергија на кој можат да се префрлат на краток рок се појаснува во анализата на Reuters.
Побарувачката ќе расте, меѓу другото, затоа што технолошките компании градат сѐ повеќе центри за податоци, а граѓаните трошат сѐ повеќе струја за напојување на автомобили и загревање или ладење на домовите и деловните простории.
Ветерните електрани оваа седмица веројатно ќе произведуваат во просек само 4 отсто од електричната енергија. Минатата седмица произведоа седум отсто, а од почетокот на годината 12 отсто. Лани нивното учество во производството беше 10 отсто. Од почетокот на седмицата електраните на гас во просек обезбедиле 48 отсто од електричната енергија. Минатата седмица нивниот удел беше 46 отсто, а од почетокот на годината 40 отсто. Лани обезбедиле 41 процент од струјата.
Ветерот вообичаено е слаб во летните месеци, но овој јули беше особено неповолен бидејќи шест од десет дена со најмалку произведена струја од почетокот на годината паднаа токму во последниот месец. За споредба, во истиот период лани јули бил „одговорен“ само за два од десетте најслаби дена.
Минатата година уделот на ветерот изнесување околу 11 отсто од произведената електрична енергија. Во исто време, производството се намали првпат од 1998 година, на 425 милијарди киловат часови, од рекордните 434 милијарди киловат часови во 2022 година.
Министерството за енергетика очекува нов рекорд годинава и прогнозира дека ветерниците годинава ќе произведат 447,5 милијарди киловат часови електрична енергија.
Електраните на гас треба да произведат 1.719,4 милијарди киловат-часови оваа година и да го надминат минатогодишниот рекорд, според прогнозите на американското Министерство за енергетика.