Пролетни температури до утре, од среда променливо време

Од утре следува период на променливо облачно време.

Од среда кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, утринската температура ќе биде во пораст, а дневната во благо опаѓање.

Во петок ќе дува засилен ветер од јужен правец, а нов поинтензивен влажен бран со обилни врнежи се очекува во текот на ноќта и во сабота.

Утринските температури ќе бидат во интервал од шест до 15, а дневните ќе достигнат до 24 степени.