
Авто – мото сојузот на Македонија информира дека денеска и утре ќе биде променет режимот на сообраќај на делницата Валандово-Раброво и Раброво-Струмица (пред крстосницата).
Промената на режимот е поради тоа што овие два дена ќе се почне со изведување градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1401, делница Валандово-Раброво и Раброво – Струмица (пред крстосницата)