
Време е за промени! Овежете ја косата со свежи и топли тонови кои ќе го отворат вашиот целоен изглед!
Често бојата на коса се менува сезонски, баш како што на крајот на секоја сезона ја менуваме шминката и гардеробата, изјави Рита Хазан, жената која Бијонсе и Џенифер лопез ги претвори во блонинки.
Вашата кожа со време може да се промени и затоа се препорачува да ја промените и вашата боја на коса. Нејзиниот стручен совет? Осмелете се да одберете една или две топли нијанси, од моменталните бои. Новата боја ги менува вибрациите и енергијата на личноста, па со самото тоа влијае на доброто расположение.
Нова руса
Прамените на Бијонсе со текот на времето станаа посветли од било кога. За оддржување на ваков изглед, Рита го препорачува нејзиниот производ Ulimate Shine Color Gloss, кој на косата и ја дава потребната влага. Нејзина препорака е да се користи еднаш неделно.
Чоко-костенлива
Вистинско време е да ја овежите косата со некоја потопла нијанса, како Ријана. На оваа боја не и е потребен додатен сјај, бидејќи сама по себе е богата и раскошна нијанса која изгледа доста природно.
Бакарно-розева
Благодарејќи на оваа нијанса црвенокосите ги гледаме малку поинаку. Румер Вилис ја прослави оваа боја која е посветла од црвената со розеви прамени. Дефинитивно освежување во ладните денови кои следуваат.
Платинеста со прамени
Оваа боја не е ниту златна, ниту сива, така да слободно можеме да кажеме дека оваа кул нијанса се наоѓа помеѓу две бои. Погледнете ја Рита Ора и ќе сфатите зошто веднаш треба да го прифатите овој тренд.
Драматична црна
Оваа сезона ја бираме најцрната боја! Монохроматската, темна нијанса која ја носи Венеса Хаџенс е најдобриот избор за љубителите на лесно одржлива коса.