Промените кои носат иднина се 1090 проекти реализирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, училишта, улици, детски градинки, плоштади, канализации се дел од проектите

За сто дена реализирани се 1090 проекти од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека почнаа промените кои носат иднина, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај сите опструкции од централната власт и покрај големите долгови кои ги оставија градоначалниците на СДСМ и ДУИ започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта, 206 улици и патишта 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови и расчистени се повеќе од 200 диви депонии.

Во Велес изминативе 100 дена асфалтирани и бетонирани се повеќе улици во градот – 8ми Март, Петар поп Арсов, Методија Андонов Ченто, Архиепископ Михаил, Андон Шурков, Јован Басаров. Во исто време завршена е реконструкцијата на плоштадот во село Горно Оризари и изградена е фекална канализација, шахти и приклучоци во населба Отовица.

Во Свети Николе обезбедени се средства за реконструкција на ООУ “Кирил и Методиј” и ООУ “Гоце Делчев”, а остварени сите услови за изградба на градинка во с. Ерџелија.

Во Лозово обезбедени се таблети за учениците од прво до четврто одделение како и набавка на смарт табли со LCD проектори и интерактивни панели за потребите на наставниот кадар и учениците. Исто така потпишан е договор и распишана јавна набавка за реконструкција на Локален пат Гуземелци –Кнежје.

Општина Неготино реализираше асфалтирање на улици во Тимјаник, исчистени се депониите кај Криволак, Тимјаник и Курија, а во веќе се спроведува доделувањето на ваучери во вредност од 7.000 денари за секое новороденче во општина.

Во Градско обезбедена бесплатна градинка за секое дете, бесплатен оброк за учениците од I-V одд. и стипендии за најдобрите. Патем завршени се градежните работи на улицата Илинденска, а Се заврши во целост и изградбата на улица Панко Брашнаров со атмосферска канализација.

Во Kавадарци во завршна фаза е Градскиот зелен пазар, со две нивоа за паркирање и едно ниво за продажба на свежи зелени производи. Со изградбата на објектот Сонце после 40 години Кавадарци доби нова детска градинка, а се реализира и реконструкција на О.О.У Страшо Пинџур во село Возарци, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.