
Секогаш е задоволство да се присуствува на проекти кои или се изведуваат, или се отпочнуваат или се завршуваат, рече денес во Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и додаде:
„Градоначалникот Кирил Пецаков кажа за тоа што се случува во моментот овде во Општина Охрид, што се случуваше и што ќе се случува.
Навистина еден импозантен градежен зафат кој што можеби и со децении досега не бил случен. И овие проблеми кои што сега се решаваат се проблеми кои што со години стоеле нерешени. Но, еве благодарение на градоначалникот, благодарение на администрацијата тука, советниците во Општина Охрид, многу од овие проекти се отпочнуваат и ќе бидат завршени, многу ќе бидат и отпочнати и ќе бидат завршени.
Јас навистина можам да им честитам тоа што нѐ прават нас горди, го прават Охрид, охриѓани и ги решаваат акутните проблеми.
А, само така со проактивна, храбра улога можат да бидат надминати сите проблеми кои што за жал со децении биле напластувани и некако се бегало од нивно решение.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.