Променливо облачно со засилен северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе продолжи да дува засилен северен ветер, што ќе предизвика пад на дневната температура.

Минималната температура ќе се движи во интервал од минус 1 до 6, а максималната од 4 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Од утре следува период на сончево и топло време со значителен пораст на дневната температура.