Времето во сабота ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец.
Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 4 и 10, а максималните дневни соодветно ќе бидат од 9 до 22 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигна 19 степени.
Во недела ќе има повремен локален дожд. Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Потоа во следните два дена ќе преовладува студено и ветровито време со повремен дожд, а на повисоките места од снег