Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо, во утринските часови со локален слаб дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намали.
Ќе дува силен северен ветер, најизразен долж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува 5.
Дневната температура ќе биде во опаѓање и ќе се движи во интервал од 17 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината претпладне исто така ќе биде променливо облачно, а во текот на денот посончево. Ќе дува силен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.