Седмицата ќе заврши со пПроменливо облачно време во неделата, од пладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.
Днвените температури ќе се движат во интервалот 15 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Тмепратурата ќе достигне 22 степена.