Променливо облачно со локални и послаби врнежи од дожд

Времето во Македонија во вторникто ќе биде променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Долж Повардарието и на истокот ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната утринска температура се движи во интервалопт од 2 до 6, а максималната дневна ќе достигне од 5 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје и околуната времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 Целзиусови степени.

Поради продор на студена воздушна маса од север во среда попладне и во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег.

Во петок и во текот на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.