По студеното утро во четвртокот во Македонија времето во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Утринската температур се движи од 0 степени во планинските региони до 10 Целзиусови степени на крајниот југ. Дневите температури соодветено ќе бидат во интервалот меѓу 12 и 21 степен, а во поголемиот дел од земјата ќе достигнат околу 16 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура достигна 5 а дневната ќе се искачи до 19 степени.