Променливо облачно време со сончеви периоди

Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и со умерен, повремено засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната од 24 до 31 Целзиусови степени. УВ индексот е 7.

Во Скопје исто така променливо облачно со подолги сончеви периоди и со умерен северен ветер кој повремено ќе засилува. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 27 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на температурата. Утре ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Температурата побрзо ќе се покачи на крајот од работната недела и во целиов период ветерот ќе биде северен.