![leto nebo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/leto-nebo.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само во планинските подрачја на југот и североистокот од земјава е можен слаб дожд.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14, а максималната од 20 до 28 степени. УВ индексот ќе биде 6.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 12, а максималната 26 степени.
Од вторник следува период на претежно стабилно и топло, а кон крајот на неделата и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а локална појава на краткотраен дожд е можна в четврток