Промоција на книгата „Шлемот е мојата круна“ (ФОТО)

Со промоција на книгата со афтентичен наслов „Шлемот е мојата круна“ од група автори, во присуство на претставници на државниот и црковен врв, градоначалници, деловни партнери, вработени и пријатели, синоќа во Скопје се одбележани јубилеите 40 години успешна и плодна кариера на проф. д-р Ванчо Чифлиганец и 15 години успешна македонска градителска приказна „Адора инженеринг“.

 

„Радува фактот што оценките за „Адора инженеринг“ и Ванчо Чифлиганец, што ги изнесов во 2012 година, денес комплетно ми се потврдуваат и дополнително ми се зацврстуваат. Кога се одбележуваше десетгодишниот јубилеј на Адора, моите оценки беа дека станува збор за типично претприемничка, иновативна фирма, за фирма водена од претприемач со лидерски способности и за фирма со потенцијал за брз раст. Резултатите што Адора ги постигна за овие 15 години тоа недвосмислено го потврдуваат – изградени 40 елитни станбено- деловни објекти, проектирани и изведени 2.700 станови, 300 деловни простории и 3.000 паркиралишта. Резултат вреден за почит“, е оценката на академик Таки Фити, претседател на МАНУ, за книгата „Шлемот е мојата круна“ од афирмираниот авторски тим Дејан Азески, Нина Кепеска, Соња Маџовска и редакоторот проф. д-р Венко Андоновски, која изобилува со биографски факти за животниот и професионален пат на д-р Ванчо Чифлиганец. Од почетоците во родниот Раклиш, Радовиш, преку дипломирањето, магистрирањето и докторирањето на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, успешното  раководење со рудникот „Бучим“ во неговата златна деценија, двата пратенички мандати во Собранието на Република Македонија, светскиот и европски триумф во борење на „Бучим Јака“, богатата филантропска традиција и 15 годишниот развој на Адора инженеринг, докажан градежен бренд во врвот на високоградбата во Македонија.

За еден од авторите, историчарот, публицист и новинар Дејан Азески, Чифлиганец е апсолутно позитивен пример за младите претприемачи кои сакаат да се занимаваатсо бизнис, а кои за жал, во Македонија сѐ помалку ги има. Поради тоа, истакна Азески, Чифлиганец има огромна одговорност пред себеси да продолжи да биде локомотива на иден можен економски  развој, за отворање нови работни места и за продукција на кадри кои се насушна потреба во наредниот период. Растежот на „Адора инженеринг“ низ изминативе 15 години е всушност многу важен влог во растежот на македонската економија, но и на  европскиот и меѓународен углед на Република Македонија во професионална и градежна смисла“, порача писателот Венко Андоновски, дел од авторскиот тим на книгата „Шлемот е мојата круна“, што отворено и низ бројки зборува за бројните инвестициски проекти на „Адора инженеринг“ со околу 300 милиони евра економски обрт, за значајната поддршка на нациналната економија со над 14 милиони евра, исплатени за плати и придонеси на вработените, 24,5 милиони евра уплатени во државниот буџет за купено државно градежно земјиште, 16,5 милиони евра уплатени за комунални давачки во општинските буџети.

„Млади, послушајте ме. Знам дека денес и овде, во овој неправеден свет не ви е светло, ама верувајте, јас тргнав од мрак. Од тунел и кал. Светлината на мојот шлем ми го покажа патот. И немојте да верувате дека светилката на шлемот свети додека има батерија во шлемот. Батеријата е во нас. Светлината е во нас. Оваа книга, и оваа приказна за „Адора инженеринг“ е раскажана само за да сфатиме дека ние сите ја носиме светлината во својата душа, за нашите семејства и за нашата татковина. И затоа, ќе речам: „Нека биде светлина! Во секој човек! Во нашата Македонија. И бидејќи крајот е секогаш почеток, почнете. Со дела, драги мои. Јас исто така, се наоѓам на нов почеток. За почеток, ќе го почнам утрешниот ден! На објект, со шлем!“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец на јубилејната прослава, која ќе кулминира утревечер, на 26 декември со свечено отворање на грандиозниот станбено-деловен објект Адора Flatiron Скопје, новит архитектонски и урбан сомбол на македонската метропола.