
Единаесетгодишното момче од Куманово е пронајдено откако во понеделникот беше пријавено дека се оддалечило од дома, соопштија денеска од МВР.
Момчето е пронајдено вчера во попладневните часови кај спортските терени во населбата „Гоце Делчев“.
– На 28.01.2020 околу 17 часот на спортските терени во населбата „Гоце Делчев“ во Куманово бил пронајден малолетникот за кого на 27.01.2020 во 19:50 часот неговиот татко А.А.(40) од Куманово пријави дека се оддалечил од домот, информираат од МВР.
Таткото на детето вчера побара помош од граѓаните за пронаоѓање на детето.