Пронајдено е телото на 16- годинишното дете кое изчезна во неделата попладнето во водите на Преспанското Eзеро, потврди градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски. Жртвата е 16-годишниот И.М. од Ресенско, кој завчера исчезна во водите на езерото.
Телото по два дена трагање од нуркачи е пронајдено во туристичката населба Претор, во близина на местото каде што момчето исчезна.
Тоа се изгуби во водите на Преспанското Езеро во саботата попладнето околу 18 часот, за време на праникот Илинден, кога со другари се возеа со педалина низ езерото во туристичката населба Претор.
Според изјавата на концесионерот на педалините Ведат Адемовски, педалината била исправна и не се превртела, туку момчињата скокале од неа.
Познаници на момчињата на полицијата им изјавиле дека трите момчиња биле непливачи, а никој од нив не носел елек за спасување. Несреќата се случила на 400 метри оддалеченост од брегот, каде водата достигнува длабочина од неколку метри. По трагeдијата, целосно се испразни плажата во Претор, која за овој продолжен викенд беше полна со туристи. И.М. заедно со две другарчиња биле на педалинка, која од непознати причини се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, но не и И.М.