3.8 C
Skopje
петок, февруари 7, 2025

Пронајдено плико пред стан на „Рузвелтова“ со шок бомба

Вчера во 20.39 часот во СВР Скопје, Р.С.(64) пријавил дека пред неговиот стан на ул.„Франклин Рузвелт“, од страна на сосетката Н.У. било пронајдено плико во кое, според пријавеното, имало шок бомба.

Извршен е увид од полициски службеници од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.