Во напуштени простории кај средното економско училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп денеска е пронајден починат маж.
Според основниот јавен обвинител Мимоза Мрмеска станува збор за 42-годишниот Зоран Ристески од Прилеп.
– Телото на починатиот прилепчанец изутрината го пронашол случаен минувач. Според првичните сознанија и по прегледот од лекар, бил мртов најмалку 10 часа. Има повреда на главата и вратот и најверојатно е од удар од ѕидот каде паднал. Причините за смртта не се познати, рече Мрмеска.
Наредена е обдукција за да се утврдат причините за смртта на прилепчанецот.