Пронајдено телото на триесет и тригодишниот келнер Петар Обреновиќ, кој исчезна ноќта помеѓу 23 – 24 август додека бил на работа.
Неговото тело било извлечено од реката Дунав кај кулата Небојша во Белград.
Според првичните податоци на полицијата се работи за несреќен случај, односно Петар паднал од сплавот а бидејќи бил непливач се удавил во реката.
Полицијата вчеравечер во 12 часот добила дојава дека во реката се наоѓа безживотно тело. Веднаш интервенирала по што успеале да го извлечат трупот, а по кратко време било утврдено дека се работи за исчезнатиот келнер.
За потсетување Петар исчезна ноќта помеѓу 23- 24 август додека бил на работното место на сплавот “Шејк енд шејк” каде требал да ја одработи својата смена од 21 до 4 часот, за што еден од негоите колеги вели дека последен пат го видел Петар на полноќ.
Неговото исчезнување го пријавиле колегите кои за него велат дека е интелегентен, мирен, ведар и дека воопшто не е конфликтна личност.