Пропадна уште една инвестиција на власта. Овој пат станува збор за помпезно најавуваната јужнокорејската „Алмак“ за производство на автоделови која ветуваше инвестиција од 120 милиони евра во технолошоко-индустриските развојните зони, нови работни места и плати од 900 до 2000 евра.
„Во новата инвестиција, се очекува просечната бруто плата за високо-квалификуваните кадри да изнесува 2000 евра. Согласно планот на инвеститорите, ќе бидат отворени повеќе од 70 нови работни места, од технолошките дејниости , кои ќе придонесат во локалната економија, почнувајки од 2022 година, кога се очекува старт на производството“, истакна поранешниот премиер Зоран Заев на 18.08.2021.
Но, компанијата „Алмак“ пред три дена беше избришана од централниот регистар.