Пропаднаа преговорите за новата влада на Италија

ANSA/ETTORE FERRARI

Пропаднаа преговорите меѓу партиите од коалицијата на власт во Италија, чија цел е формирање на новата влада по оставката на премиерот Џузепе Конте, објави во вторникот претседателот на Претствничкиот дом, Роберто Фико.

Тој од саботата учествуваше во преговорите за излез од политичката криза.

„Партиите се премногу оддалечени во позициите, затао според мојата оцена нема доволно простор за формирање на владино мнозинство“, изјави Фико за медиумите по разговорите со претседателот на Републиката, Серџо Матарела.

Италијанскиот претседател на Фико во петокот му ја довери задачата да посредува меѓу партиите од претходната владејачка коалиција за да се види дали може таа да биде обновена, и за тоа му даде рок од четири дена.

Претседателот Матарела во вторникот вечерта изјави дека сака да именува влада за којашто се надева дека би добила широка поддршка во парламентот.

Матарела, кој од позицијата ја има улогата на врховен арбитар во италијанската политика, рече дека не сака да распише предвремени избори, истакнувајќи дека земјата сега треба да има силна администрација која би се борела со пандемијата на коронавирусот и би ги зацртала плановите за закрепнување на економијата.

Матарела на разговори во среда го повика поранешниот претседател на Европската централна банка (ECB), Марио Драги, информираше во вторникот вечерта неговиот портпарол.

Премиерот Џузепе Конте минатиот вторник поднесе оставка, откако малата но клучна партија од неговата коалиција му ја ускрати поддршката. Неговата коалиција се распанда на 13-ти јануари, со заминувањето на партијата Жива Италија (Italia Viva) на поранешниот премиер Матео Ренци, поради проблемите во користењето на европските пари наменети за помп во закрепнувањето од корона-кризата.