![fontana_1-600x396 Проработе џампинг џет фонтаната на градскиот плоштад](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/fontana_1-600x396.jpg?resize=600%2C396&ssl=1)
Плоштадот „Македонија“ во Скопје, доби нова фонтана која деновиве се пушти во употреба.
Џампинг џет фонтаната се наоѓа на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот во Камениот мост.
Фонтаната има правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито е изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри.
На плочите од Џампинг џет фонтаната поставени се ЛЕД светилки со отвори за вградување млазник.
Фонтаната ја сочинуваат 128 млазници со 128 светилки.
Нејзината изградба чини околу 150 милиони денари. Градот Скопје обезбеди една третина од парите, а останатиот дел се обезбедени од Владата.
Новата џампинг џет фонтана на плоштадот „Македонија“ беше пуштена пробно, реагираат од Град Скопје на објавите во некои медиуми дека фонтаната, наводно, само што се пуштила се расипала.