Просечната плата во Црна Гора е 708 евра

Просечната нето плата во Црна Гора во јуни изнесувала 708 евра и е за 0,3 отсто помала од претходниот месец, покажуваат податоците на црногорската статистичка агенција Монстат.

Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во јуни во однос на мај пораснале за 1,8 отсто, произлегува дека реалната заработка забележала месечен пад од 2,1 отсто, се објаснува во соопштението на Монстат.

Во однос на јуни 2021 година, просечната јунска нето плата е зголемена за 33,6 отсто, пренесува порталот bankar.me.

Просечната бруто-плата по вработен во јуни изнесувала 873 евра.

Монстат, пренесува Танјуг, објави и дека просечната бруто-плата по вработен во вториот квартал годинава, во однос на првиот квартал, бележи пад од 0,3 отсто, се додава во информацијата.