Просечната плата во Хрватска во декември изнесувала 1.191 евро

Просечната месечна нето плата во Хрватска во декември 2023 година изнесува 1.191 евро, што е номинално пониска за 1,4 отсто, а реално за 0,9 отсто во однос на ноември, објави денеска Хрватската државна служба за статистика (ДЗС).

Просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 13,9 отсто, а реално за девет отсто во однос на декември 2022 година, се наведува на веб-страницата на ДЗС.

Во декември минатата година, највисока просечна нето плата е исплатена во областа на производство на кокс и рафинирани нафтени деривати и изнесува 1.795 евра, а најниска во производството на облека, 739 евра.

Просечната хрватска нето плата за декември била 1.005 евра, што значи дека половина од вработените заработиле помалку од таа сума.