Прослава на плоштад Наум Петрески, Зуица Лазова, ДНК, Нокаут

„Три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата година“.

Вака велат од Град Скопје за пречекот на Новата година на плоштадот Македонија каде од 21 часот ќе настапат „Пука козметика“, „ДНК“ и „Нокаут“,  фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, како и диџеј Славе.

Општествено одговорни компании се согласија и бесплатно да го украсат градот иако тоа  доцнеше 10 дена, па наместо на 10-ти Скопје светна на 20 декември. Градоначалничката Данела Арсовска го раскина договорот за китеење од 240.000 евра со „Линк медиа плус“ кој го склучил претходниот градоначалник Петре Шилегов.

Сепак, Арсовска ќе ја продолжи традицијата на новогодишниот базар „Винтерленд“, за кој од буџетот се одвоени 33.000 евра.