Бугарските земјоделци подигнаа привремени блокади на автопатиштата и простапните патишта кон Романија и Грција во понеделникот протестирајќи против укинувањето на забраната за увоз на житарки од Украина и предупредија дека се подготвени и со трактори во вторник да тргнат кон Украина.
Во петокот Европската комисија реши да ги прекине ограничувањата на увозот на земјоделски производи од Украина, што им нанесува штети и ги урива цеите на земјоделците во југоисточните земји членки на ЕУ. Владата на Бугарија гласаше за укинување на забраната со што се разидје со другите три членки – Полска, Унгарија и Словачка, кои најавија дека ќе ги задржат ограничувањата.
Контролите и ограничувањата на увозот на земјоделските производи и житарки од Украина им овозможи на петте земји: Бугарија, Романија, Полска, Словачка и Унгарија на сопствените пазари да го ограничат тргувањето со производите, како пченицата, пченката, маслодајната репка и сончогледот од Укрина.
Претставниците на земјоделскиот сектор во Бугарија поставија блокади на патишатата против одлуката за укинување на забраната порачувајќи дека со тоа владата во Софија ги уништува нивните производства и ги осиромашува, бидејќи украинските продукти се продаваат по дампиншки цени.
Демонстрантите најавија дека планираат со трактори да се упатат кон Софија за во вторник да го продолжат протестот. Бугарскот премиер Николај Денков рече во неделата дека тој „нема да преговара со терористите“ предизвикувајќи го гневот кај земјоделците, но и кај добар дел од бугарската јавност.
Минатата седмица партиите во бугарскиот парламент кои го сочинуваат мнозинството во обидот пред западните сојузници да го поправат имиџот во поддршката на Украина, ја укинаа и забраната и пред тоа да го стори Европската унија.