Протест во Полска: 26.000 луѓе излегоа за поголеми плати во јавниот сектор

Во главниот полски град Варшава, денеска се одржаа протести на кого демонстрантите бараа поголеми плати во јавниот сектор.

Според полицијата, на истиот учествувале 26.000 луѓе.

Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме, изјави Јан Гуз од синдикатот ОПЗЗ.

Полска бележи раст на БДП од почетокот на оваа година во висина од 4% на секој квартал. Експертите предвидуваат дека барањата за повисоки плати ќе бидат се поголеми, а исто така се стравува и од недостаток на работна сила во иднина.