Противпожарно возило се излизга од патот кај Кавадарци при интервенција на запалена куќа

Пожар зафатил стара куќа попладнето во петокот во кавадаречкото село Бегниште, а за среќа нема повредени.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски изјави дека со тројца пожарникари и две противпожарни возила успеале да спречат огнот да се прошири на околните објекти во селото, пренесува МИА.

Богоевски рече дека пристапот до куќата бил многу тежок и дека едно од противпожарните возила се излизгало од патот.

Упати апел за внимателност, особено вечерва кога ќе се палат коледарски огнови.