Македонија апсолутно не заслужува почеток на преговори со ЕУ поради зачестените прозивки на противниците на политиките на Зоран Заев и на референдумот за државни непријатели што се коси си сите либерални и демократски вредности, изјави универзитетскиот професор, Жидас Даскаловски.
Тоа е страшна состојба, да зборувате за луѓето кои имаат законско право да учествуваат или да не учествуваат, во случајот да не учествуваат, да апстинираат од референдум, вие да зборувате дека се непријатели на државата, тоа се коси со сите либерални демократски вредности, тоа е за осуда и од целата македонска и поширока јавност. Меѓутоа политичкиот контекст е таков и ние гледаме дека секојдневно законите не се почитуваат , постои огромна корупција. Едноставно, државата апсолутно не заслужува никаков почеток на преговори за ЕУ, затоа што состојбите кај нас се многу лоши и таквите изјави на високи чинители на власта само го потврдуваат. Жално е што ние во Македонија сега треба да се бориме за основно право. Во Македонија правото на глас или на неизлегување да се гласа е втемелено во законите и не може да се карактеризира како непријателско делување против државата. Има држави каде што гласањето е задолжително, но ние не сме таква држава, така што стојат оние коментари кои претходно ги истакнав, додава Даскаловски.