Прв ден без смртен случај во Ломбардија од коронавирусот

Во последните 24 часа во најтешко погодениот италијански регион Ломбардија, не е регистриран смртен случај од корона вирусот, јавуваат италијанските медиуми.

Од почетокот на епидемијата до денеска, немаше поминато 24 часа без смртни случаи на коронавирус во овој регион.

Инаку, во цела Италија, три лица починаа од ковид-19 во последните 24 часа, за разлика од вчерашните 14. Потврдени се 219 нови случаи на заразени, а 143 лица оздравеле.

Во болниците сè уште има 743 пациенти, од кои 47 се во одделенијата за интензивна нега.

Досега 35.045 луѓе починале од коронавирус во Италија.