
Пораз за македонскиот шампион по извонредната серија од четири победи и прв триумф на Колдинг по четирите порази. Непобедливиот Вардар се покажа ранлив без четворица првотимци. Во Скопје останаа Арпад Штербик ,Алекс Душебаев, Стојанче Стоилов и Александар Деревен.
Данските шампиони беа максимално мотивирани против ослабениот Вардар и успеаја да победат со една брза игра во нападот и многу агресивна во одбраната. Максимално го искористија отсуството на Арпад Штербик и на останатите тројца вардарци кои не отпатуваа во Данска, Деревен, Душебаев и Стоилов, а дополнителна помош им беше тоа што Алем Тоскиќ се повреди и со крв на лицето мораше да го напушти мечот во второто полувреме.
Вардар и по петото коло останува на чело на табелата во Б групата од Лигата на шампионите со осум бода, еден повеќе од второпласираната Барселона. Во следниот натпревар, на 24 октомври вардарци во „Јане Сандански“ го пречекуваат Киелце.