Прв саем за вработување и пракса „Контакт“

Студентскиот парламент на Факултетот за електротехника и информациски технологии го организира првиот Саем за вработување и пракса „Контакт“.

Свеченото отворање на саемот ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот, во салата за состаноци на ФЕИТ.

Саемот ќе трае од седми до деветти април, а ќе се организира и форумска расправа на тема „Соочуваме аргументи на тезата: пресекот помеѓу стручните познавања на дипломецот и побарувањата на стопанството е празно множество“, на која ќе учествуваат студенти, професори и претставници на компании.

Паралелно со презентирањето на компаниите на штандови, ќе се одржуваат и предавања од реноминирани професори и вработени во компаниите – учесници на саемот. На саемот ќе се презентираат компании од енергетскиот и ИТ секторот, автоматиката, телекомуникациите, електрониката, како и банки.