Фудбалерите на Сампдорија ја остварија првата првенствена победа сезонава совладувајќи го на гости Кремонезе со 1:0 во последниот дуел од 11-то коло на италијанската Серија А.
Решавачкиот погодок на натпреварот го постигна Гамбиецот Омар Колеи во 78 минута, откако во 6 минута напаѓачот на Кремонезе, Нигериецот Десерс не реализираше пенал.
Сампдорија со шест бодови е 18-та на два бода помалку од зоната на опстанок во лигата, додека Кремонезе сѐ уште е без победа и со четири бодови е последно 20-то.
Претходно Саусоло на домашен терен со пресврт ја совлада Верона. Гостите поведоа уште во 2 минута преку Федерико Сечерини, но домашните потоа дојдоа до трите бода преку Арманд Лауринте во 32 и Давиде Фратези во 74 минута.
Сасуоло е деветти со 15 бодови, а Верона е претпоследна 19-та со пет одови.