Прва победа за „Лејкерси“, Кари им даде 51 поен на „Визардс“

Прва победа на „ЛА Лејкерс“, 51 поен на Стеф Кари, трипл дабл на Јанис Антентокумпо и уште еден одличен настап на Лука Дончиќ ги одбележаа ноќешните натпревари во НБА лигата.

Плејмејкерот на актуелниот шампион, Кари по шести пат во кариерата заврши еден натпревар со повеќе од 50 поени и 31 меч во најсилната лига на светот со над 40 кошеви. „Голден Стејт“ беше подобар од „Вашингтон Визардс“ со 144:122. Капитенот на „Вориорси“ за 32 минути шутираше 15/24 од поле од кои 11/16 за три поени. Кај домаќините стандардно добар беше и Кевин Дурант со 30 поени.

Словенецот повторно беше еден од најдобрите во „Далас Маверикс“, кој имаа и 26 поени предност против „Атланта Хоукс“, но на крајот загубија со 111:104. Дончиќ имаше 21 поен, девет скокови и две асистенции.

Феноменално издание имаше Гркот Јанис Адетокумпо во дуелот на „Милвоки“ против „Филаделфија“ кој го добија со 123:108. Грчкиот кошаркар дојде до првиот трипл дабл сезонава откако реализираше 32 поени,18 скока и 10 асистенциии, додека кај „Филаделфија“, која е едно од најголемите разочарувања на стартот на сезоната, пак најдобар беше Џоел Ембид со 30 поени, 19 скока и 6 асистенции.

„Лос Анџелес Лејкерси“ го победија „Феникс“ во Аризона со 113:131 за нивната прва победа.Најефикасен во редовите на „Лејкерси“ беше Ленс Стефенсон со 23 поени, по осум скока и асистенции, а Леброн Џејмс оствари дабл-дабл со 19 поени, десет асистенции и седум скока.

Резултати од останатите натпревари „Кливленд“- „Бруклин“ 86:102, „Мајами“-„Њујорк Никси“ 110:87,„Торонто“-„ Минесота“ 112:105, „Чикаго“-„Шарлот“ 112:110, „Хјустон–„Јута“ 89:100,„Сан Антонио“-„Индијана“ 96:116, „Сакраменто“-„Мемфис“ 97:92.