Најскапата аквизиција во клупската историја, шпанскиот интернационалец, Хуан Мата, по убаво ќе го памети своето деби во дресот на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед.
Одличниот играч за врска веднаш доби шанса да настапи од првата минута за новиот клуб, а избраниците на Дејвид Мојес без многу мака забележаа сигурна победа од 2:0 во дуелот против гостинскиот тим на Кардиф.
Својот кам-бек на зелениот терен холандскиот интернационалец Робин ван Перси го зачини со погодок , а вистински еврогол на стартот од второто полувреме постигна крилниот напаѓач, Ешли Јанг.
Само еден бод на незгодното гостување во Саутемптон, освои се уште лидерот на првенствената табела, тимот на Арсенал, а градската пресметка на „Енфилд”, дуелот помеѓу вечните ривали Ливерпул и Евертон заврши со убедлив триумф на „црвените” од 4:0.
Резултати: Манчестер Ј. -Кардиф 2:0, Норвич – Њукасл 0:0, Кристал Палас – Хал 1:0, Свонси – Фулам 2:0, Ливерпул – Евертон 4:0, Саутемптон – Арсенал 2:2.