Прва трансплантација на бели дробови на заразен со ковид-19 во Европа

На Австрискиот универзитетски оддел за торакална хирургија во Виена е направена прва трансплантација на белите дробови на заболен од ковид-19.
Станува збор за  45-годишна пациентка која развила акутна респираторна слабост поради ковид-19. Иако претходно не боледувала од ниту едно друго заболување, белите дробови на жената по заразата со коронавирусот биле целосно нефункионални и ова е прв случај во Европа на спасување од сигурна смрт  во услови на безнадежна ситуација.

Трансплантацијата ја извел тим лекари од Австрискиот универзитетски оддел за торакална хирургија предводен од раководителот Волтер Клепетко.

Пациентката од ковид-19 се заразила пред осум недели, а не и помогнало ниту дишењето преку респиратор.